ИЗЈАВИ: САМКА ИБРАИМОВСКИ

Сподели

samka-ibraimovski

– “Како политичар и како лидер на партија, дојдов да ја исполнам обврската што ја имам. Претпоставував дека станува збор за разговорите што ги објавив пред Владата. Сметам дека ќе продолжат да се докажуваат криминалните избори што се одржуваа во Шуто Оризари и драго ми е што, како што велат Србите, „почело је, почело“, да се докажува вистината за криминалните избори во изборната единица број 2, каде што носител на листа беше Гордана Јанкулоска во 2011 и во 2014 година. На пат сме да докажеме многу криминали за многу кратко време. Во интерес на истрагата нема да ви соопштам повеќе детали, но, еве, конкретно, ќе ви кажам дека станува збор за криминалните избори во Општина Шуто Оризари, односно во изборната едница број 2.”