ИЗЈАВИ: ВЕЛИМИР СТОЈКОВСКИ

Сподели

velimir-stojkovski

„Длабоко сум загрижен од информациите кои беа објавени во медиумите за случувањата со студентските избори, кои беа под секое достоинство, како и употреба на полициски сили со оклопни возила во академски студентски избори. Поради тоа, упатувам апел до сите студенти, членови на СПУКМ, членови на Студентскиот пленум, членови на студентски иницијативи и други форми на организирање на студентите, за воздржаност од било какви активности кои дополнително би ја усложниле ситуацијата, што би можело да доведе до сериозни последици од повеќе аспекти“.