-Имаше барање од врхушката на поранешната владејачка партија, но тие барања биле отфрлени, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за националниот сервис МРТВ одговарајќи на прашањето дали во изминатиот период имало разговори за амнестија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека правдата мора да важи за сите, односно дека дури и неговите најблиски соработници и членови на семејството ќе треба да одговараат доколку го прекршат законот.