ИЗЈАВИ: ЗИЈАДИН СЕЛА – Кризата зазема се поголем замав

Сподели

Политичката криза не е завршена и за жал таа зема се поголем замав. Единствена можност да се излезе од кризата е институционалниот пат. На ова општество му треба дебата. Сите тие кои што се против оваа форма не се ништо друго освен анархисти кои го ризикуваат спокојството на граѓаните.

– Претседателот може да има стотици лични ставови, но како претседател тој нема право на личен став за мандатот и треба да го даде на тој што ќе обезбеди мнозинство од минимум 61 пратеник. Треба да заврши конститутивната седница и уште еднаш да се информира Иванов дека има формирано мнозинство преку новиот спикер, па да се чека 10 дена да го даде мандатот. После тоа може слободно ако не го даде мандатот, да се гласа за Влада во Собранието. Кој има против може да се обрати до Уставниот суд.

Зијадин Села