Излезе од печат најновиот двоброј на единственото архивистичко списание во државата – „Македонски архивист“.
Во својата богата содржина, списанието изобилува со стручни текстови од областа на историјата и архивистиката, прилози и материјали меѓу кои и текстови кои се однесуваат на активностите на архивистите во Државниот архив.
Читателите ќе може да се запознаат со „Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија и нејзината актуелност“ од Здравко Стојковски, „Доселувањето на македонските семејства од Егејска Македонија во Струмичко, 1949-1951, фонд 7, Околиски одбор – Струмица“ од Борче Ценев, „Лоренс Иглбергер (Лоренс од Македонија) – дипломат и хуманист од Сашо Додевски, „Турнејата на Димитар Влахов во Пиринска Македонија и Бугарија во октомври-ноември 1947 година“ од Евгениј Литовски, „Архивските фондови во светлината на одбележувањето на 80 години од формирањето на АФЖ на Македонија“ од Ивана Хаџиевска и многу други.
Списанието „Македонски архивист“ е запишано во Меѓународната база на податоци и може да се набави во просториите на Државниот архив.
