Изложбата “120 години од Илинденско востание – архивска меморија”, што ја подготви Државниот архив, по нејзината презентација во Крушево, во Охрид и во Музејот на Македонската борба во Скопје, доаѓа и во Демир Хисар.
Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 21 изложбено пано. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград.
Изложбата ќе биде отворена на 1 септември во 12:00 часот во Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар.