Изложба „75/75“,во Чифте амам, за 75 години од формирањето на Националната галерија

Сподели

 

Во објектот Чифте-амам, во Старата скопска чаршија, љубителите на уметноста имаат можност во рамките на уметничката поставка, насловена „75/75“ да ги видат врвните дела на домашните, но и регионалните уметници. Со оваа изложба, започна одбележувањето на јубилејот 75 години од формирањето на Националната галерија.

Станува збор за селекција на едни од најрано собраните експонати за колекцијата на Националната галерија, вклучително и исклучително вредни дела.  Во рамки на изложбата „75 / 75“ се претставени дела од повеќе автори, како: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ѓорѓи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и други (скулптори).

Изложбата „75/75” ќе трае до 19 август, а на 2 август, датум кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти на Националнта галерија, ќе биде бесплатен.