На 3 април, во фоајето на Филхармонија, од 13 до 19 часот, ќе бидат изложени акварели од Јана Андреевска.
“Изложените 35 се акварели создадени од крајот на 2023 година до крајот на јануари 2025 и се инспирирани од фотографиите на хрватската фотографка Лилјана Чичиќ, која живее во Славонски Брод и со својот апарат на волшебен начин ги овековечува магливите сцени покрај Сава, од прекрасните фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – неверојатни хроничари на чудесните промени на охридското крајбрежје, како и од сопствени фотографии и од фасцинацијата од исландските булки”, изјави Јана Јаневска.
