Изложба „Мотиви од Хераклеја“ на Панде Петровски во Прилеп

Сподели

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утре (петок, 14 март) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски.

Со изложбата, Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам.