Изложба на Александар Илиевски „Биди вода“

Сподели

Прва самостојна изложба на Александар Илиевски „БИДИ ВОДА“, на која има работено последните четири години. Мотивациите за творбите произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, постапокалиптика, научна фантастика, романтика.

На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, кои ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот. Сите средства од самолепливите сликички ќе бидат наменети за донација на МИЛА и МАРТИН.

СИТЕ ХУМАНИ И ЉУБИТЕЛИ НА УМЕТНОСТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА СЕ ПОКАНЕТИ !

Овај настан ќе се одвива на ден 6.мај, со почеток во 18. часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид.

Влезот е бесплатен.