Изложба на карикатури „Жената – глава на семејството“ во Куманово

Сподели

 

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово e отворена изложбата на карикатури „Жената – глава на семејството“. На изложбата се претставени околу педесетина карикатури на автори од повеќе земји.

Изложбата е дел од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас 2022“ што традиционално се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница секоја година во октомври.

Изложбата, која беше презентирана во повеќе градови низ државава, во Куманово ќе биде поставена до трети април.