Изложба во Мала станица – “Еволуција: маски од теснецот Торес”

Сподели
 
Н 8 јуни, во објектот Мала станица, со почеток од 18 часот ќе се одржи Меѓународна патувачка изложба, создадена од страна на Културниот центар Габ Титуи од Австралија, во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националниот музеј на Австралија и Амбасадата на Австралија во Белград насловена „Еволуција: маските од теснецот Торес“. Станува збор за документаристичка изложба на фотографии и описи.
 
Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура. Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните претци. Во 19 век, европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки. Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат.
 
Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.
 
Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право. Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.
 
Изложбата ќе биде отворена до 22 јуни.