Изложба „Градец – 10 години археолошки истражувања“ во Крива Паланка

Сподели

 

Во галеријата на Градскиот музеј во Крива Паланка се изложени артефакти, фотографии, археолошки и историски материјали, дел од десетгодишните археолошки истражувања на локалитетот Градец, Кривопаланечко, каде што тим истражувачи работеа посветено во изминатата деценија, пронаоѓајќи значајни артефакти од праисторијата до средниот век.

Од Музејот велат дека Градец сублимира една богата збирка артефакти од различни историски времиња.

Според директорот Драган Величковски, локалитетот може да се смета за 10 –15 отсто истражен, така што останува, како што нагласи, да се продолжи со посветената работа и во иднина.

Локалитетот Градиште се наоѓа во село Градец, на падините на планината Билино, во палеовулканската област Градечки Чуки, стара над 30 милиони години вулканска структура.

Изложбата ќе биде отворена до 15-ти следниот месец.