Изложба „Неочекуван дијалог – Пикасо и Јанкуловски” на меѓународниот саем за уметност Арт Тесалоники

Сподели
Во рамките на програмскиот дел на Арт Тесалоники 2019 кој ќе се одржи од 21 – 24 ноември 2019 во Хелекспо во Солун, ќе биде организирана изложбата „Неочекуван дијалог – Пикасо и Јанкуловски – керамики и слики“ (куратор проф. Манос Стефанидис).
Изложувањето на македонскиот уметник Мице Јанкуловски заедно со легендата на модерната уметност Пабло Пикасо на саемот на уметност во Солун, истовремено претставува афирмација за нашата земја на највисоко ниво.

 

 

 

Организаторите на 4-от Меѓународен саем за уметност Арт Тесалоники имаа за цел оваа година саемот да ги надмине претходните три, навистина многу успешни изданија. Меѓународниот саем за уметност Арт Тесалоники беше основан како најважен уметнички настан во Југо-источна Европа. Покрај неговата комерцијална димензија, присуството на најважните галерии во Грција, но и од целиот свет, го направија престижен културен настан.

 

 

За прв пат, љубиелите на уметноста во Солун ќе имаат можност да ја видат изложбата „Неочекуван дијалог – Пикасо и Јанкуловски“ која вклучува керамики од Пабло Пикасо и слики на Мице Јанкуловски.

Куратор на изложбата е проф. Манос Стефанидис од Атина.