Измиени полуподземните контејнери и отстранет градежен отпад во Скопје

Сподели

 

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена вршеше дежурства и надзор на улицата Петар Манџуков во близина на пазарот во скопската општина Бутел, како и на уште неколку локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад надвор од наменски поставените садови во општините Карпош и Чаир.

 

 

Изготвени се и повеќе едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при одлагање кабаст и градежен отпад на јавни површини во општините Аеродром и Гази Баба.

Од почетокот на неделава, екипите на Претпријатието подигнаа вкупно 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани зад Народната банка, на улицата Бајрам Шабани- во близина на ООУ “Тефејуз”, како и на повеќе локации во населбата Скопје Север.

 

 

ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве реализираше и комплетно миење на сите полуподземни контејнери поставени на шест локации во општината Карпош, вклучително со нивните микролокации.