Израел: Нема визи за работа за претставници од Хјуман рајтс воч

Сподели

-Израел веќе нема да издава работни дозволи за странски претставници од Хјуман Рајтс Воч, обвинувајќи ги за пристрасност, стои во соопштението на Организацијата, оквалификувајќи го потегот како „шокантен“.

– ХРВ објави многу критични извештаи за израелската окупација на палестинските територии и побара пред неколку месеци виза за новиот директор на одделот одговорен за Израел и за Палестина. Израелските власти ја отфрлија молбата бидејќи според нив, ХРВ „не е организација за заштита на правата“, соопшти организацијата базирана во Њујорк.

Портпарол на израелското МНР рече дека ХРВ „постојано демонстрира дека е длабоко пристрасна и антиизраелска организација со непријателски дневен ред“.