Извештај на ДЗР за успешно и транспарентно работење на Собранието

Сподели

 

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2020 година е уште една потврда за успешното и транспарентно работење и менаџирање на Собранието, во согласност со  законските прописи.

Извештајот нотира дека финансиските извештаи ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Собранието на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (637) на ден 31 декември 2020 година, како и резултатите од финансиските активности за годината која завршува со тој датум, во согласност со важечката законска регулатива.

ДЗР посочува дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи, во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Со оглед на тоа што Извештајот на ДЗР дава мошне објективна и позитивна слика за работењето на Собранието на Република Северна Македонија, нагласуваме дека Собранието не даде никакви забелешки во однос на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеноста за 2020 година на СРСМ.

Во врска со забелешката каде што СРСМ не е запишано како носител на правото на трајно користење на недвижна ствар – (зградата на СРСМ и земјиштето под и околу зграда) во соодветните имотни листови во АКН информираме дека, согласно член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Владата на РСМ со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје,здруженија на граѓани и фондации, за што веќе се превземни соодветни активности  и во постапка е запишување на правото на трајно користење на зградата и земјиштето под и околку зградата, за што и во ревизорскиот извештај ДЗР дава препорака да се продолжи со веќе отпочнатите активности.

Всушност, ако е спорно прашањето за имотниот лист, тогаш како е дадена дозвола за надградба, доградба и адаптација на објектот на Собранието во периодот од 2009 до 2016 година, се наведува во соопштението од Собранието.