Извонреден настап на “In the mood” на “Tirana jazz festival”

Сподели

 

На покана од македонскиот Културно Информативен центар во Тирана, групата “In the mood” од Скопје, имаше извонреден настап на “Tirana jazz festival”.

Првиот дел на тиранскиот фестивал, секоја година се одржува крајот на април и редовно е богат со голем број на различни имиња од европскиот џез.

Овој пат, неколку дена имаше тематски вечери насловени “Средбата на Италија со Балканот”, каде настапуваа по две групи од Италија и една од Албанија и Балканот. Секој бенд имаше по еден час можност да ја претстави својата работа.

 

 

Во прекрасна, барска атмосфера, публиката беше воодушевена од настапот на “In the mood”. После нивниот настап, неколкумина италијански менаџери, изразија задоволство и упатија покана, “In the mood”, да настапат нa некој од реномираните џез фестивали во нивната земја.

На 10-ти мај, Културно информативниот центар во Тирана ќе го претстави Битолскиот театар пред тиранската публика.​