По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатите денови извршија контрола на семафорите на градските крстосници. Санација и замена на оштетените лантерни на порталните семафорски столбови е направена на крстосницата на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов со улицата Московска и на булеварот АСНОМ со булеварот АВНОЈ 1 и АВНОЈ 2. Нова лантерна е монтирана и на крстосницата на улицата Христијан Тодоровски Карпош со улицата Натаниел Кучевишки.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ стариот семафорски уред го заменија со нов на крстосниците на булеварот Трета Македонска бригада со улицата Фрањо Круз. На крстосницата на булеварот Гоце Делчев кај МРТВ, поради сообраќајка имаше оштетен семафорски столб, што сега е заменет со нов, а монтирани се и нови возачки и пешачки лантерни. Изминатата неделава е исправена и висечката лантерна на порталните столбови на семафорите на крстосница на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Kемал Сејфула.
На булеварот Киро Глигоров и булеварот Видое Смилевски Бато ја санираа семафорска инсталација, на булеварот АСНОМ кај Ист Гејт Мол бетонираа темели за семафорски портални столбови, а на булеварот Босна и Херцеговина поставуваа капаци на семафорските шахти за инсталација.
Со цел зголемување на безбедноста на пешаците се поставуваа поставување заштитни столпчиња кај порта „Македонија“, на булеварот Кузман Јосифовски Питу и на улицата Јордан Мијалков.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на повеќе улици низ градот поставуваа вертикална сигнализација и вршеа санација на бекатон плочите на тротоарите, информираат од Град Скопје.