Извршителите нема да наплаќаат од должниците без претходно да ги известат

Сподели

komora-izvrsiteli-avgust-newrules-02

Извршителите нема да можат да повлекуваат пари од сметките на должниците, без претходно да ги информираат, предвидуваат измените на Законот за извршување кои стапуваат на сила од 1 јанури 2017 година.

 Со новите измени, должникот мора да биде информиран каде и колку должи, па потоа добива рок од три дена да го подмири долгот и доколку тоа не го направи, тогаш му се блокира сметката.

Вкупниот износот на наплата од извршување годинава изнесува над 76 милиони евра, два милиони евра помалку од лани.