Најдобриот возач во историјата на мотоциклизмот, Италијанецот Валентино Роси заминува во спортска пензија по крајот на оваа сезона.
Иако на почетокот на оваа сезона објави дека неговата желба е да вози уште една година, тоа нема да се случи, а последната трка во неговата кариера ќе биде ГП на Валенсија на 14 ноември.
Лошите резултати од почетокот на оваа сезона, се причина Петронас да не ја продолжи соработката со Роси. На крајот од минатата сезона, „Докторот“ остана без место во фабричкиот тим на Јамаха, чии бои ги бранеше 15 години.
Дури 235 пати се искачуваше на подиумот, а последната победа му беше во 2017 година во трката за ГН на Холандија.
– Се повлекувам. За жал ја почнувам последната половина од сезоната како возач во Мото ГП. Тоа е тежок момент и поприлично сум тажен, изјави Роси.
– Следните години мојот живот ќе се промени. Беше тоа многу долго патување, но исполнето со многу забава, додаде легендарниот италијански мотоциклист, кој освои вкупно 9 светски титули во сите категории и забележа 115 победи.
Оваа сезона, Роси имаше само еден пласман меѓу најдобрите десет возачи.
Мора да се признае и фактот што Роси, мотоциклизмот го подигна на ново ниво и благодарение на него, популарноста на овој спорт достигна невидена височина.
Уживај во заслужената пензија ,,ДОКТОРЕ,,!!!
The post Ја вози последната сезона во блескавата кариера – ,,Докторот,, најави заминување во пензија!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico