Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава и ги разгледува најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се превземат, информираат од партијата. Ќе се разговара за политичката ситуација и за следните чекори на партијата, но не прецизираат кои се тие, информира ТВ24.
Антонио Милошоски за медиумите изјави дека политичката ситуација се движи во непожелна насока и дека не ја одразува волјата на гласачите. Прецизираше дека тие чекори нема да го загрозат мирот и стабилноста во Македонија. Извршната власт мора да биде одраз на волјата на гласачите, но дека власта не е опција по секоја цена. Изјава даде и Мане Јаковлевски кој рече дека нема да дозволи разнебитување на Македонија.