Јанева изврши увид на дел од доказите во случајот ”Рекет”

Сподели

 

Катица Јанева денеска виде дел од доказите против неа со кои располага Обвинителството за организиран криминал за случајот “РЕКЕТ”.

Јанева, три часа правеше увид во доказите со кои обвинителството ја сомничи за злоупотреба на службената положба. Таа замина час и половина порано, a анализата на доказите ја продолжија нејзните адвокати..

Јанева и нејзините адвокати и следната недела ќе ги разгледуваат доказите на обвинителството.