Полицијата врши претрес во канцеларијата на Јанева, ЈО најави прес во 14 часот

Сподели

 

Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како “Рекет”.

На прес конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител, Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Како што веќе објави Телма, по налог на обвинителството полицијата ја приведе денеска Катица Јанева и врши претрес во нејзината куќа.

Дознаваме и дека во тек е операција за приведување на други лица.

Како што јавува нашиот репортер, Миомир Серафиновиќ, во домот на Јанева пристигнал и Стеван Павлески, адвокатот кој присуствуваше на вчерашниот распит на Јанева во обвинителството.

Извори за Телма потврдуваат дека Јанева е однесена во СЈО каде се врши претрес во нејзините работни простории.