-“Голем број обезбедени материјални од 2008 до 2015 година укажуваат дека Управата за јавни приходи и Миннистерството за финасии дозволиле поединци да работат спротивно на законите, а со тоа да се стекнат со имотна корист на штета на буџетот на Република Македонија”, рече обвинителката Катица Јанева на денешната прес конференција.
Таа најави дека ќе се открие на кој начин се перени пари во буџетот и како завршувале во џебовите на високи правни лица и функционери.
“-Ова е почеток на истрагата која понатаму ќе се проширува за нови лица и дела. Овие финасиски истраги се комплексни, сепак е потребен подолг период за јавно обвинителски одлуки од наша страна. Се наметнува прашањето дека ќе се надмине периодот од 18 месеци, а роковите се далеку пократки од роковите по кои постапуваат останатите јавни обвинителства.”
-“Поради ова, бараме Собранието да ја разгледа законската одредба која ја ограничува нашата работа и да најдеме соодветно законско решение да ги истражиме кривичните дела кои се во рамките на нашиот мандат”, рече Јанева.