Јанева: Влеговме во УБК со судски налог за да видиме кој прислушувал

Сподели

katica-vo-ubk

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска со својот тим влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање и најави дека од таму нема да излезе се додека не си ја заврши работата.

– Влеговме во Управата за безбедност и контраразузнавање за да конечно се дознае кој прислушувал, дали УБК или странските служби – изјави денеска пред зградата на МВР Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Јанева рече дека соработката со УБК одела многу тешко.

– Влеговме во УБК за да ги земеме наредбите за сите оние за кои се издадени ПИ-мерки и целиот материјал кој е снимен во периодот од 2008 до 2015 година. Сега сме тука со судски налог, затоа што од 8 март наваму чекавме доброволно да ни ги предадат документите за прислушувањето, но одбиваа. Моментално работиме за тоа да дознаеме кој прислушувал, дали УБК или странски служби. Тука е присутен и Чавков (директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков н.з.) иако не знам по која основа. Соработката оди тешко, но јас со мојот истражителски тим ќе останеме тука додека не ја завршиме работата – изјави Јанева.

Таа рече дека ќе работат и на смени, дека во УБК моментално се тројца, но очекува наскоро да им се приклучат повеќе обвинители.

meta.mk