Јанушев: Сакаат ново СЈО кое ќе продолжи да рекетира

Сподели

 

“Заев смета дека со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предлог законот за Јавно обвинителство, сме оставале само простор за политиканство и тоа било сериозна потврда дека некој постои и функционира само за да го заташка криминалот, да го спречи тоа што значи одговорност за криминалот без разлика за кого се однесувало во државата. Сега сме и требаме сите на државата, сме можеле да дадеме аргумент плус за нашиот народ, решението било системско и било аргумент за пријателите од ЕУ пред носењето на конечните и историски важни одлуки за Република Македонија.

И ова доаѓа од човекот кој е синоним за политиканство, кој е 3 пати аболиран криминалец, премиер на нејнеуспешната влада во историјата на Република Македонија, човек кој не разбира “с” од системско решение! А, да, не ви делува чудно што сега, вака од нигде никаде, пред избори, повторно почна да ја ословува државата како Република Македонија???

Но, да се вратам на суштината, криминално-рекетарскава банда повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на “посебна каста” на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал. Понатаму, предлагаат јавниот обвинител да го бира Собранието со што се врши повреда на уставното начело на единственост на јавното обвинителство. Со други зборови, сакаат ново СЈО кое ќе продолжи да рекетира и ќе продолжи со политичкиот прогон на неистомислениците на Заев! Среќна нова ‘49!” – изјави Игор Јанушев на денешната прес-конференција.