Јанушев: СДСМ се подготвува да го фалсификува референдумскиот резултат

Сподели

Кривична пријава против премиерот, Зоран Заев за нудење поткуп поднела ВМРО-ДПМНЕ, објави синоќа генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. Тој побара од Обвинителството да постапува по неа.

Јанушев го обвини СДСМ дека се подговува да го фалсификува референдумскиот резултат. Во однос на разногласието на високи членови на ВМРО-ДПМНЕ во однос на референдумот, Јанушев вели дека тоа е во рамките на генералниот став кој го донела партијата.

„Она што е доста евидентно, е начинот на кој што власта пробува во последен момент да ја вовлече ВМРО-ДПМНЕ во целата оваа прикаска, бидејќи се поевидентно е и за нив дека нема да успее референдумот.

Се погласни се и шпекулациите дека СДСМ е спремно да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум, и се надевам дека граѓаните нема да го дозволат истото. И ние како политичка партија ќе застанеме на вистинската страна и нема да дозволиме какво било понатамошно урнисување на државата“, изјави синоќа Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по средбата со граѓани на Велес.