ТОКИО (АА) – Најмалку едно лице загина, а три други се повредени по најмалку две експлозии што се случија денес во близина на парк во јапонска префектура северно од Токио, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција Кјодо ја цитираше полицијата дека во паркот во Утсуномија, главниот град на префектурата Точиги, била пронајдена една жртва, со изгореници на телото, додека во паркот во тек бил фестивал.
Претходно, во 11.30 изутрина по локално време (0230GMT), се слушнала експлозија во близина на паркинг, при што неколку автомобили се запалиле.
Според јапонската НХК (NHK), материјал сличен на делови од експлозивна направа биле забележани како штрчат од телото на еден од повредените во паркот.
Во тек е истрага за експлозиите и за утврдување на нивната поврзаност.
Традиционалниот културен настан кој се одвивал во паркот е прекинат.