Најмалку 18 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати во поплавите кои го погодија јужниот дел на Јапонија.
Спасувачките екипи продолжуваат да ги бараат исчезнатите лица, соопштија локалните претставници.
Островот Кјушу е опустошен откако реките се излеаја од коритата, а огромната количина вода однесе делови од патиштата.
Локалната полиција наведе дека, пет лица се во критична состојба.
Илјадници лица се евакуирани и сместени во привремени живеалишта, но голем број лица се уште се заробени во нивните домови.
Повеќе од 500 лица се отцепени од светот, а разрушените мостови и водата ја отежнуваат работата на спасувачите.