Јавна расправа за законска регулатива и безбедност во сообраќајот

Сподели

Денеска Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе одржи јавна расправа на тема: „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“.

На седницата се поканети претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, судии, јавни обвинители, невладини организации, медиуми и останати општествени чинители.