Јавна седница во Апелација за притворот на Талески

Сподели

Vladimir-Taleski-pred-SJO-860x680

Денеска во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи втора јавна седница на која ќе се разгледува одлуката за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Седницата ќе се одржи на барање на одбраната која вложила жалба на продолжувањето на мерката куќен притвор.

Талески веќе втор месец е во куќен притвор, но неодамна обвинителите од СЈО проверуваа дали извршува градоначалнички и службени работи од дома, поради што може да побараат построги мерки за обезбедување на присуство.

Куќниот притвор на Талески истекува за два дена – на 20 август.

meta.mk