ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

Сподели

 

Возниот парк на ЈКП “Илинден” од општина Илинден се поднови со  специјално возило за собирање на комунален отпад, со капацитет од 7м3. Ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места.

Возниот парк во ЈКП “Илинден“ континуирано се обновува, такашто ова е трето набавено возило за период од 12 месеци, а до крајот на оваа календарска година следува набавка на нова полуприколка за транспорт на отпад со капацитет од 45м3.

 

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го посети претпријатието и го разгледа возилото истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на  квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП “Илинден”.