Јовески: СЈО постави нови стандарди, но важно е кој ќе го надгледува

Сподели

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства. Работната група која работеше на подготовка на Законот изготви ваква верзија – истакнува Јовески.

Според него, мора да се вреднува и да се земе предвид дека Специјалното јавно обвинителство, постави нови стандарди и нова перцепција за обвинителството, пред се во истражувањето на предметите и изборувањето за целосна финансиска независност.

– СЈО наметна и поинаков начин на работење, како што е транспарентноста во работењето и покрај тоа што со одредени постапки не се согласувам. Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства. Се разбира дека за определени постапки треба  да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство – вели во интервјуто за МИА јавниот обвинител Јовески.