ЈП Комунална хигиена ги чисти верските храмови во пресрет на Велигден

Сподели

 

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на денешниот ден почна активности за рачно метење и миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини, известуваат од јавното претпријатие.

Со активностите се опфатени соборниот храм „Св.Климент Охридски“, црквите „Рождество на Пресвета Богородица“, „Св Димитрија“, „Св.Јован Крстител“, „Св.Петка“, „Св.Илија“, „Св.Архангел Михаил“, „Св.Петар и Павле“, „Св.Спас“ и други.

– Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје настојува на највисокото можно ниво да ја одржи хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на овие објекти, преку засилени активности што ќе се спроведуваат во текот на претстојните неколку дена, изјави в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.