ЈП Комунална хигиена собрала 153.763 тони комунален отпад

Сподели

 

ЈП Комунална хигиена изминатите 12 месеци во акција собра и транспортирани вкупно 153.763 тони комунален отпад. Количеството на собран и транспортиран отпад во 2019 во однос на 2018 година е зголемено за 1118 тони, односно 0,73 отсто.

ЈП Комунална хигиена ја одржува хигиената и на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини, што подразбира нивно секојдневно метење и миењe, соопштуваат од претпријатието. ЈП Комунална хигиена-Скопје има воведено најсовремен гпс-систем преку кој се врши надзор на движењето на сите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, како и на моменталната состојба на исполнетост на капацитетот на садовите за отпад.

-Траекторијата на возилата, нивната моментална локација, брзината на движењето и потрошувачката на гориво се само дел од податоците што раководството на претпријатието ги има на увид во секој момент, се наведува во нивното соопштенито.

Во текот на 2019 година претпријатието, како што информира, набавило 300 нови контејнери за одлагање комунален отпад, а во соработка со Градот Скопје се набавени 540 контејнери како и четири нови специјални камиони наменети за празнење на овој вид садови, 10 електрични комунални возила – метларки и 12 специјални метларки за вакуумско чистење.

Во декември 2019, ЈП Комунална хигиена-Скопје ја почна реализацијата на пилот-Проектот за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, со кој ќе бидат опфатени 500 индивидуални домаќинства од населбата Влае, и ќе го селектираат својот комунален отпад на сува и влажна фракција.