Утре, 19.јануари, поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред, информираат од ЈСП.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.