ЈСП со нов возен ред, по новата одлука на Владата за забрана на движење

Сподели

 

Со новата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 19 до 5 часот, ЈСП објави нов возен ред на јавниот превоз.

ЈСП од денеска ќе сообраќа до 19 часот во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.

Од сабота, од 15 часот до понеделник до 5 часот јавниот превоз нема да функционира. За деталите за режимот на јавен превоз в сабота ЈСП ќе достави информации до јавноста во текот на утрешниот ден.

Повеќе детали за распоредот на ЈСП можете да видите на следниот ЛИНК.