Во текот на претстојните Велигденски празници и вo среда на 1.мај автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Овој возен ред ќе се применува од петок до понеделник, а исто така и во среда, со исклучок на петок, кога одредени линии ќе сообраќаат по делничен возен ред. Тоа се линиите: 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180.
Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник (29.04.2019 година) ќе возат по неделен возен ред, освен во вторник, на 30. април, кога жичарницата нема да работи.