Јубилејно 10. издание на „Виолин фест“

Сподели

Во Камерната сала на Филхaрмонија, утре на 12 јуни, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи јубилејното 10. издание на „Виолин фест“, фестивал кој ја слави виолината како инструмент и младите таленти.

На фестивалот ќе настапат ученици од музичките училишта од земјава како и  од Србија и од Кралскиот колеџ од Лондон.

Во придружба на Марија Вршкова на пијано, младите виолинисти ќе изведат дела на Крајслер, Паганини, Шуплевски, Зографски, Сарасате и други.

Истовремено „Виолин фест“ го одбележува јубилејот 90 години од раѓањето на македонските композитори Драган Шуплевски и Томислав Зографски.