Кабинет на Иванов: Да се утврдат фактите и вистината кој го пратил Живаљевиќ во парламентот

Сподели

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов го поздравува интересот на јавното обвинителство за случувањата во собранието на 27. април, бидејќи треба да се утврдат фактите и вистината, наместо да се шират лажни вести и информации.

„Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на г. Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што превземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден“, велат од претседателскиот кабинет.

Од кабинетот на претседателот на државата уште еднаш ги повторија претходно искажаните ставови дека не се надлежен орган за известување и одобрување на влез во собранието.