Кабул: Бомба пред хотел, настрадале напаѓачите и полицајци

Сподели

kabul-napad

Пред хотелот „Нортгејт“ во Кабул, популарен меѓу странците, синоќа експлодира камион-бомба, а одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Светските агенции наведуваат дека бројот на жртвите е релативно мал, имајќи предвид дека силната експлозија се чула надалеку низ престолнината на Авганистан. Тие пренесуваат и изјава на шефот на кабулската полиција, Абдул Рахман Рахими, кој рекол дека загинал еден напаѓач, кој ја детонирал бомбата, а двајца напаѓачи се убиени при судир со полицијата. При престрелката, убиен е и еден полицаец, а повредени се четворица.

Се наведува дека рано утринава се чуло и пукање и повремени експлозии во индустриската зона, каде силите за безбедност зазеле позиции во близина на хотелот „Нортгејт“.

Нападот доаѓа една недела по самоубиствениот напад во кој загинаа најмалку 80, а ранети без 230 лица.

meta.mk