Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ оваа сезона игра одлично за Далас, најзрела од доаѓањето во НБА лигата, па не е ни чудо што е меѓу фаворитите за освојување на наградата МВП.
Најверојатно таа ќе оди кај Ембид или Јокиќ, но Дончиќ не е далеку од нив по квалитетот на играта и јасно е дека е меѓу најдобрите кошаркари во светот.
Сезонава во просек бележи 28,2 поени, 9,3 скока и 8,6 асистенции, пред само 24 часа му „ одржа лекција“ на Бруклин и им го закопа кошот со 37 поени, а ако го прашате каде е полесно да постигнете 30 поени – во НБА или Евролигата – ќе ве изненади со одговорот.
Дончиќ кариерата ја започна во Реал Мадрид и уште како тинејџер покажа дека е мајстор за кошарка.
Тој ги предводеше до титулата во Евролигата како МВП во сезоната 2017/18, само неколку недели пред да дојде во НБА, не му требаше долго да ги демантира сите оние кои мислеа дека нема да стигне до посилна лига.
„Во Евролигата се игра повеќе тимска кошарка, повеќе се заснова на тактика, а има помалку време. Потешко е да се игра во НБА лигата бидејќи има многу играчи кои практично е невозможно да се задржат“, објасни Дончиќ и потоа ги спореди двете натпреварувања.
„Сепак, би рекол дека е полесно да се постигне кош во НБА бидејќи правилата се различни, има повеќе простор и време – затоа реков дека тука е полесно да се даваат кошеви.
Многумина кои сега го гледаат Дончиќ би изјавиле дека тој би имал просек од 50 поени по меч во Евролигата, но ако го прашате – тоа не е така точно.
Добро доживеа како е кога цел меч ќе го „мачи“ чуварот, додека во НБА лигата многу од нив ќе се откажат и ќе сакаат да играат со нешто побрзо темпо.
„Потешко е да се дадат 30 поени на натпревар во Евролигата отколку на натпревар во НБА, тоа е 100%. Тоа го велам поради правилата. Во Европа, на пример, тип како Руди Гобер може да стои во рекетот колку сака, не само три секунди“.
Само поради тоа правило во НБА можете лесно да стигнете до десетици поени“, заклучи Дончиќ.
The post Каде е полесно да дадеш 30 коша во НБА или Европа? – Дончиќ веднаш даде одговор и ги изненади сите! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico