Како ќе изгледа Реал Мадрид за следната 2017/18-та сезона? (фото)

Сподели

Францускиот стратег на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, за Марка изјави дека има по двајца играчи на секоја позиција.

zidan-real

Тоа е голема предност, бидејќи минатата сезона не беше така. Немаше замена за Марсело и Касемиро.

Сега замена за Касемиро ќе биде Маркос Љоренте, а на Марсело, Тео Хернандез. И двајцата доаѓаат во Реал од Алавес каде играа на позајмица – Љоренте на заем од Реал Мадрид, а Хернандез од Алетико.

Зидан има на располагање две екипи, кои и оваа сезона ќе му овозможат во завршницата од сезоната во најважните натпревари да влезе со поодморени играчи од сите ривали.

Така, следната сезона Зидан ќе напаѓа шест трофеи, а минатата освои само две титули, Примера и Лигата на шампионите.

real team

Голманот Навас има замена во Касиља, на десната страна се Карвахал и Данило, лево Марсело и Ернандез, прв стоперски пар се Рамос и Варан, а нивни замени се Ваљехо и Начо.

Во средниот ред се: Каземиро, Модриќ и Крос, а шанса во помалку важните натпревари ќе добиваат Љоренте, Ковачиќ и Иско.

Напаѓачкото трио останува исто Бејл, Бензема, Роналдо. На клупа ќе бидат Лукас и Асенсио, како и Мората.

Мората, замина во Челзи, па Реал би можел да го засили најдобриот млад фудбалер на светот, Мбапе од Монако.

The post Како ќе изгледа Реал Мадрид за следната 2017/18-та сезона? (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico