Кампања „И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“

Сподели

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, започна со спроведување на кампања за подобрување на безбедноста на најмасовната и најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, под мотото „И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“

 

 

Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови од Република Северна Македонија. 

Во кампањата ќе се стави акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни незгоди, ќе се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано ќе се даваат препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.