Kампања за елиминација на насилството врз жени и девојчиња

Сподели

stopviolence-1200x720

Под мотото „Вклучи се. Исклучи насилство“, во текот на 16 дена, од денеска, 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, ќе се реализираат бројни активности низ целата држава, вклучително дебати, јавни настани, како и изразување поддршка од јавни личности.

Како дел од глобалната кампања „Да го обоиме светот во портокалово: крај за насилството врз жените и девојчињата“, и Скопје со монументалното скопско Кале, заедно со националните знаменитости низ целиот свет, живописните Нијагарини водопади во САД, рушевините на Петра во Јордан и седиштето на Европската комисија во Брисел, ќе заблеска во портокалова боја како симбол за посветла иднина без насилство врз жените.