Кампања за Европската недела на имунизација:„Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“

Сподели

„Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“, вели Катарина Ивановска во кампањата за Европската недела на имунизација.

Вакцинацијата спасува милиони животи. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот. Високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет. Не постојат научни докази за поврзаност меѓу вакцината против мали сипаници, заушки, рубеола (MMR вакцина) или која било друга вакцина со аутизмот или аутистичните нарушувања. Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли.

Апелирамe сите родители да ги вакцинираат своите деца, за да може да ја спречиме епидемијата од морбили (мали сипаници)!

Венко Филипче, Министер за здравство

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/443210759547900/