Денеска Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи митинзи во Берово и Делчево, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинг во Крива Паланка и Куманово.
Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, денеска ќе биде во посета на Куманово. Носителите на кандидатските листи во првата и во втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски, ќе имаат прес-конференција. Коалицијата ќе одржи митинг во паркот „Жена борец“ во Скопје, во 17 часот.
Коалицијата Алијанса за Албанците според нивната изборна агенда ќе ја претстави изборната програма на митинг во Тетово.
ДУИ денеска ќе биде во 15 часот во Гостивар, а централниот митинг ќе биде во 19 часот во Кичево.
Кампањата за претстојните избори завршува в петок на полноќ, кога почнува изборниот молк.