Канадската полиција уби осомничен терорист

Сподели

kanadska-policija

Канадската полиција уби едно лице откако по „доверлива дојава бил идентификуван како потенцијална терористичка закана, јави канадската државна телевизија.

Осомничениот е убиен за време на полициските рации во градот Онтарио, наведува телевизијата „Си-би-ес“.

Во соопштението на канадската полиција се наведува дека „осомничениот е идентификуван како закана по национална безбедност“, по што ќе се „преземат мерки за осигурување на безбедноста на јавноста“.

Во извештајот не се наведуваат детали за рацијата, ниту за убиениот.

Неименуван извор од разузнавачките служби потврдил дека станува збор за осомничениот Арон Драјвер, кој минатата година бил уапсен поради јавно поддржување на милитантната група Исламска држава.
Од истиот извор се дознава дека убиениот Драјвер, кој го користел псевдонимот Харун Абдурахман, живеел во Онтарио, мала заедница југозападно од Торонто.

Официјално не е потврдено дека убиениот е Арон Драјвер.

meta.mk