Канадските парламентарци гласаа за родово неутрална химна

Сподели

jastin-trudo-1-860x680

Канадските парламентарци денеска гласаа за измена на химната за нејзините стихови да бидат во согласност со политиката на новата либерална влада, која сака да биде инклузивна кон жените.

Со законот ќе се измени англиската верзија на химната „О, Канада“, така што стихот „О, Канада, ти си толку голема земја што сите твои синови вистински те сакаат“ ќе гласи „… што сите ние те сакаме“.

Измените, кои ги предложи претставник на Либералната партија, иако минале во долниот дом на парламентот во кој либералите имаат мнозинство, сепак треба да добијат потврда и од сенатот.

Премиерот Џастин Трудо рече дека родовата еднаквост е еден од приоритетите на неговата политика, откако беше избран минатата година и именуваше еднаков број мажи и жени во својот кабинет.

Тоа е прв пример на еднаква застапеност на жени и на мажи во канадската влада.

Канадските парламентарци гласаа за родово неутрална химна